Фенербахче со Жозе Мурињо на клупата успеа да ја надополни негативата од 2-1 од првиот меч против Феенорд и да победи со убедливи 5-2 во Истанбул. Вистинска драма имаше во првото полувреме бидејќи гостите дојдоа во водство во 41-вата минута, но само три минути подоцна Бран израмни, а во судиското продолжение веќе беше 2-1 за Фенербахче со голот на Дуран.
Во второто полувреме за гигантот од Истанбул погодуваа и Фред, Ен-Несири и Талиска, а Феенорд сè што направи е што успеа да намали на 4-2.
Најголемото изненадување во Лигата на шампионите оваа сезона, кипарскиот Пафос, и вторпат беше подобар од Динамо Киев и со вкупно 3-0 (победи од 1-0 и 2-0) дојде до историски пласман во плејофот од Лигата на шампионите.
Копенхаген беше многу поуспешен од Малме во локалното дерби и најкраткото гостување во Лигата на шампионите, барем кога се работи за две различни земји. Откако првиот меч во Шведска заврши без голови, во Копенхаген домашните беа немилосрдни и победија со 5-0.
Чешкиот П’лзењ забележа Пирова победа од 2-1 над Глазгов ренџес, но Шкотите се тие коишто продолжуваат во плејофот, со оглед дека го добија првиот меч со убедливи 3-0.