Мурињо и Фенербахче на пенали исфрлени од Лигата на Европа во Глазгов

Глазгов Ренџерс се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа откако дури по подобро изведување на пенали го елиминираше Фенербахче.

Во регуларниот дел, гостите од Турција успеаа да ја анулираат негативата која ја имаа по првиот меч одигран во Истанбул. Тогаш Глазгов Ренџерс славеше со 3:1, но вечерва во реваншот, Фенербахче даде гол за 0:1 во 45 минута, а во 73 минута беше 0:2 за гостите. Тоа значеше дека по двата меча во регуларните 90 минути, резултатот е 3:3, па мораа да се играат продолженија, а потоа и пенали по кои се радуваше тимот од Шкотска.

Во пенал рулетот, Глазгов ренџерс беше подобар со 3:2. Тадиќ, Фред и Јандас промашија за Фенербахче, а кај домаќините само Хаџи не погоди од четирите шута.

Следниот ривал за Глазгов Ренџерс ќе биде Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести