Глазгов ренџерс се пласира во четвртфиналето од Лигата на Европа откако дури по подобро изведување на пенали го елиминира Фенербахче.
Во регуларниот дел, гостите од Турција успеаја да ја анулираат негативата која ја имаа по првиот меч одигран во Истанбул. Тогаш Глазгов ренџерс славеше со 3:1, но вечерва во реваншот, Фенербахче даде гол за 0:1 во 45-тата минута, а во 73-тата минута беше 0:2 за гостите. Тоа значеше дека по двата меча во регуларните 90 минути, резултатот е 3:3, па мораа да се играат продолженија, а потоа и пенали, по кои се радуваше тимот од Шкотска.
Во пенал-рулетот, Глазгов ренџерс беше подобар со 3:2. Тадиќ, Фред и Јандас промашија за Фенербахче, а кај домаќините само Хаџи не погоди од четирите шута.
Следниот ривал за Глазгов ренџерс ќе биде Атлетик Билбао.