Фудбалскиот тренер Жозе Мурињо, имаше кратка средба со Новак Ѓоковиќ пред мечот на српскиот тенисер против Томас Ечевери на Мастерсот во Рим, а се видоа и после дуелот кој Ноле го доби со 7-6, 6-2.
Мурињо кој мечот од трибините го следеше со капа на главата, после натпреварот ја извади капата и од Ѓоковиќ побара на неа да му стави еден автограм. Новак се разбира прифати, двајцата си разменија по неколку зборови, се прегрнуваа, а сето тоа беше снимено и фотографирано.
https://twitter.com/i/status/1657106712812302337