Мурињо и Мојс работат како доставувачи на храна за време на вонредната состојба

Додека се чека расплетот околу тоа кога ќе се продолжи сезоната во Премиер лигата, Жозе Мурињо и Дејвид Мојс, менаџерите на Тотенхем и Вест хем, одлучија да бидат активни во хуманитарните движења со цел да помогнат на најпогодените лица од пандемијата со корона-вирусот.

Предводникот на Петлите од следната недела ќе пренесува храна до пунктовите што се поставени покрај стадионот на Тотенхем кои служат за донирање бесплатни оброци. Храната која се произведува во тренинг-центарот на лондонскиот клуб, а е наменета за првиот тим, се користи да се нахранат лицата кои финансиски се погодени од пандемијата.

Мурињо и претходно е активен во волонтерски акции, пред извесно време на социјалните мрежи се појави видео како пакува производи кои се донираат на семејствата низ главниот град на Англија.

Шкотскиот стратег Дејвид Мојс уште од почетокот на вонредната состојба волонтира за еден маркет, каде што работи како доставувач во едно село во подрачјето Ланкашир. Мојс за англиските медиуми откри дека работа му е да им ги достави на жителите на ова село нарачаните пакети со зеленчук и овошје до дома и тоа го прави секојдневно.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1253307638382804994

- Оглас -

Најнови вести