Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, ќе ја води Рома и во следната сезона, а можно е тој наскоро да потпише нов договор со римскиот клуб.
Според „Тутоспорт“, Мурињо имал само една молба до раководството на Волчицата, по секоја цена да го задржат Пауло Дибала, кој е најдобриот играч во тимот.
Во моментов изгледа дека Аргентинецот ќе остане во Рома, но има уште повеќе од два месеца до крајот на преодниот рок и можни се изненадувања.