Менаџерот на Рома, Жозе Мурињо, покажа дека има големо срце и подготви специјален подарок за навивачот што преживеа срцев удар вчера, за време на натпреварот против Специја.
Момчето е младо и има само 23 години, а колабира на трибините во текот на мечот што го доби Рома со 2:0.
Со помош на третман со дефибрилатор, медицинските лица му го спасија животот, а сега Мурињо одлучи да му помогне полесно и побрзо да ги прегрми тешките моменти и ќе му ја подари својата јакна со клупските амблеми на Рома.
„Дознав што се случи дури по завршувањето на мечот. Се надевам дека се ќе биде в ред. Ќе му ја подарам мојата јакна само да ми каже на која адреса да ја пратам. Се надевам дека ќе го згрее во вакви тешки моменти“, изјави тренерот на Рома.