Интер и Рома утревечер на „Џузепе Меаца“ ќе играат во дербито на 10 коло во Серија А. Интер е лидер во италијанското првенство со 22 бодови, а Рома заостануав дури осум бода зад големиот ривал.
Рома на ова дерби ќе биде ослабена бидејќи на клупата ќе го нема тренерот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег доби црвен картон во последните моменти од мечот против Монца бидејќи го провоцираше гостинскиот тренер. Поради тој црвен картон Мурињо доби еден меч суспензија и нема да биде на клупата за дербито против неговиот поранешен клуб Интер.
Мурињо сепак ќе патува во Милано, но според пишувањата на Газета дело Спорт, тој нема да биде ниту на трибините на стадионот, туку ќе седи во клупскиот автобус. Ова нема да му биде прв пат Португалецот да седи во клупскиот автобус додека неговите фудбалери се на терен.
Римската волчица на последното гостување кај Интер победи со 2:1 пред точно една година, а Мурињо поради суспензија, дуелот го следеше во тимскиот автобус. Фудбалерите на Рома се надеваат дека може да го повторат тој успех, иако коефициентите во Sport Life покажуваат дека Нераѕурите ја имаат фаворитската улога.