Мурињо имал емотивна поврзаност и со Њукасл

Жозе Мурињо е еден од најдобрите и најпопуларни тренери во последните дваесетина години. Два пати ја освојуваше Лигата на шампиони, а работеше во екипи како Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем, а сега е на чело на Рома.

Иако во Рома дојде пред само некоку месеци и најавува дека тука е среќен, името на Мурињо се споменува како можен тренер на Њукасл, клубот кој неодамна беше купен од Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија и ги доби најбогатите сопственици во светот. Мурињо имаше интересен коментар околу целата ситуација во Њукасл.

„Единствено што можам да кажам е дека пред многу, многу години работев со една од најважните личности во историјата на Њукасл, а тоа е Сер Боби Робсон. Поради тоа секогаш сум бил помалку емоционално поврзан со тој тим, со тој град и со нивните навивачи. Сепак, нема ништо повеќе од тоа. Среќен сум што сум во Рома и што работам тука. Стоотсто сум вклучен во проектот на Волчицата“, рече Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести