После поразот на Рома од Интер, тренерот на римската Волчица, Жозе Мурињо, изјави дека неговиот тим загубил од најдобриот тим во Италија.
Иако Интер има 17 бодови помалку од Наполи, а може да станат и 20 кога наполитанците ќе го одиграат својот 34-ти меча сезонава, за Мурињо, Нераѕурите се посилни од новиот шампион.
„Горд сум на моите момци. Имавме повредени и заморени играчи, и освен од резултатот, задоволен од другото. Игравме против најсилниот тим во Италија“ – рече Мурињо.