Мурињо ја израмни Лигата на Европа со Формула 2

Тотенхем го победи Арсенал со 2:1 во големото градско дерби, а со трите освоени бода тимот на Жозе Мурињо ги прескокна Топчиите на табелата во Премиер лигата. На три кола до крајот на шампионатот, Тотенхем е на осмото место и има два бода помалку од Шефилд јунајтед, кој е на последната позиција што води излез во Европа.

Тотенхем сè уште е актуелен европски вицепрвак откако лани загуби во финалето од Лигата на шампионите. Сепак, сезонава само сон ќе остане за повторен настап во елитната лига на УЕФА. Единствена опција за Тотенхем е настап во Лигата на Европа, но и тоа не е сигурна опција.

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, кој бил шампион на Европа со Порто и Интер, вели дека за него не е голем предизвик да игра во Лигата на Европа, но реалноста е дека Лигата на шампионите е далеку за нив.

„Можеби нема да биде лошо да играме во Лигата на Европа, но се разбира дека тоа не е турнирот во кој сакаме да играме. Сепак, кога не можеме да бидеме во ЛШ, опција е Лигата на Европа. Двапати сум играл во Лигата на Европа и двапати ја имам освоено“ вели Мурињо, кој двете натпреварувања на УЕФА ги спореди со трките во Ф1 и Ф2 шампионатите.

„Како да го прашате Луис Хамилтон дали би сакал да го освои Ф2 шампионатот, а шестпати бил правак во Ф1. Сепак, и Лигата на Европа е опција, посебно кога не може да се биде дел од ЛШ. Подобро е да се игра во некој европски турнир, отколку да не се игра никаде“, вели Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести