19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Мурињо ја прифати казната за затајување данок

Жозе Мурињо ќе треба да плати два милиони евра како компензација за казната која ја доби за затајување данок. Судот во Шпанија му пресуди затворска казна од 12 месеци, но португалскиот стратег нема да оди зад решетки.

Според законите во Шпанија, за ненасилни прекршоци и казни помали од две години може да се одговара само финансиски. Мурињо беше оптужен за затајување данок во периодот од 2011 до 2012 година, кога беше тренер на Реал Мадрид.

Само пред неколку недели поради истиот прекршок беше осуден и Кристијано Роналдо, ѕвездата на Јувентус прифати казна од 23 месеци и плати казна од 18,8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести