Жозе Мурињо се врати во Премиер лигата и во првите две кола се израдува на две победи со 3:2, а Тотенхем се искачи на петтото место на табелата. Следниот предизвик за Специјалиот и Тотенхем е гостувањето на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед.
По точно една година откако доби отказ од Манчестер, Мурињо се враќа на клупата на „Олд Трафорд“, но овојпат ќе седи на таа наменета за гостинскиот стратег.
„Манчестер јунајтед е завршена приказна за мене. Ми беше убаво таму, но уживав и во времето поминато по добиениот отказ. Не ме интересира Манчестер, сега го гледам само како следен ривал кому треба да му направам анализа. Сега единствено важно ми е како да ги победиме. Кога се вратив на „Олд Трафорд“ како ТВ-коментатор, бев одлично пречекан“, реле Мурињо.
Португалецот во свој стил изјави дека никогаш не губи, без разлика кој ќе биде резултатот на крајот од средбата.
„Јас никогаш не губам. Или победувам или учам. Во Јунајтед и победував, но и учев, па стекнав големо искуство, но сето тоа сега е зад мене“, додаде Мурињо.