Мурињо: Јуве со Роналдо е прв фаворит во ЛШ

Кристијано Роналдо утре ќе се врати на „Олд Трафорд“, но како играч на Јувентус и ќе биде главна опасност кон голот на Манчестер јунајтед, во меч од третото коло од Лигата на шампиони. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на ЛШ и тоа доволно говори за опасноста која ќе ја имаат „црвените ѓаволи“. Тренерот на најтрофејниот англиски клуб, Жозе Мурињо вели дека Јувентус е прв фаворит за освојување на титулата во елитната лига.

„Пред почетокот на сезоната Јувентус доби еден специјален играч, а тоа е Роналдо. Тоа е фудбалер кој знае да ја направи разликата на средбата. Според мене, Јувентус со Роналдо во тимот е прв фаворит за освојување на титулата. Покрај Кристијано тие доведоа уште неколку квалитетни играчи како што се Бонучи, Џан… Јувентус има многу квалитетен состав, повеќе години играат заедно, под водство на еден тренер“, рече Мурињо пред утрешната средба на „Олд Трафорд“.

Лоша вест за Јувентус стигна денеска, а тоа е дека за утре гостите нема да може да сметаат на Марио Манџукиќ. Хрватскиот напаѓач има повреда на зглобот на ногата. Се очекиува Манџукиќ да паузира 2-3 недели.

 

- Оглас -

Најнови вести