37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Мурињо како детектив открива кој е повреден кај Ливерпул

Жозе Мурињо во свој стил ја крева тензијата пред дерби-дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем што ќе се игра утре, од 21 часот, во 13-тото коло од Премиер лигата.

„Секој клуб има повредени играчи. Не верувам во нивната приказна. Имаат само еден проблем, повредата на Вирџил ван Дајк. Мислам дека Алисон не е повреден, исто и Александер-Арнолд. Очекувам Матип да игра, Робертсон не е повреден, исто и Салах, Мане, Фирмињо, Фабињо, Вајналдум. И јас можам да ви понудам листа со 10-мина повредени играчи на Тотенхем“, вели Мурињо.

Дербито ќе биде интересно,бидејќи двете екипи се на врвот на табелата со по 25 бода, па победникот ќе биде лидер по една третина од првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести