Мурињо кажа кога ќе ја заврши тренерската кариера, а дотогаш ќе победувал

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо даде изјава во врска со својата иднина како тренер. Специјалниот, кој има 61 година, кажа дека неговата кариера ќе трае барем уште една деценија.

„Кариерата ќе ја завршам помеѓу 2035 и 2040 година. Дотогаш ќе продолжам да победувам. Мојата историја е веќе напишана, така што никој не може да ја избрише“, изјави Мурињо.

Мурињо како главен тренер започна во 2000 година, кога ја презеде Бенфика. Беше на чело и на Униао Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома.

Со Рома се раздели во јануари годинава и оттогаш е без клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести