Мурињо жестоко ќе биде казнет од УЕФА, го навредувал судијата и во поттрибинскиот простор

Шоуто на Жозе Мурињо по поразот на пенали од Севиља во финалето на Лигата на Европа продолжило и по натпреварот. Португалецот во поттрибинскиот простор го видел главниот судија, се симнал од клупскиот автобус и започнал да го навредува.

„Срамота. Секоја чест, срамота“, биле само дел од зборовите кои ги упатил Мурињо кон главион судија Тејлор од Англија.

Жозе Мурињо и на официјалната прес-конференција по натпреварот жестото го критикуваше судијата и директно го посочи дека е главниот виновник за поразот на Рома.

УЕФА е строга кон вакви изјави и само за прес-конференцијата ќе добие еден до два натпревари суспензија, но за однесувањето во поттрибинскиот простор таа казна ќе биде многу повисока.

- Оглас -

Најнови вести