17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Мурињо ќе ја менаџира Рома, а ќе зема плата и од Тотенхем

Според тригодишниот договор кој го потпиша со Рома, Жозе Мурињо треба да инкасира седум милиони евра по сезона, меѓутоа во првата година од неговиот договор тој ќе ја олеснува и касата на Тотенхем.

Ниските даноци во Италија му овозможија на Специјалниот да прифати двојно помала плата од онаа која ја заработуваше во Северен Лондон, меѓутоа во сезоната 2021/2022 нема да почувствува пониска заработка бидејќи Тотенхем ќе го плаќа исто колку и Рома. Така Мурињо ќе инкасира вкупно 14 милиони од двата клуба во првата година од негивот мандат на „Олимпико“.

Португалецот во меѓувреме полека го составува тренерскиот кадар, а еден од првите потези со кој полесно ќе ги освои симпатиите на навивачите на Рома е што ќе го врати Даниеле де Роси во клубот. Италијанските медиуми тврдат дека и Валтер Самуел, ексиграчот на Рома, кој воедно играше под палката на Мурињо во Интер, исто така треба да се приклучи во стручниот штаб на Волчицата.

 

- Оглас -

Најнови вести