1009 Манчестер јунајтед – Тотенхем (17.30 часот)
Ова е меч на кој реално е двата тима да дадат гол, со оглед на формата во која се наоѓаат. Жозе Мурињо е екс тренер на Јунајтед и ќе сака неговиот актуелен тим да победи, но тоа нема да биде лесно. Црвените ѓаволи на последните три меча во сите натпреварувања даваа по три гола, а и Тотенхем е ефикасен во последно време, што го докажа и со седумте погодоци против Макаби Хаифа. Тотенхем има серија од шест меча на кои и дава и прима гол. Овие тимови 15 години не одиграле нерешено на меѓусебен дуел на „Олд Трафорд“.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.12)
1710 Лион – Марсеј (21.00 часот)
Лион е во лоша серија, четири кола не знае за победа, и ова дерби им е прилика да се вратат на победничкиот пат. Марсеј тргна супер, но на претходните три лигашки мечеви не победи. Лион победуваше на претходните четири домашни пресметки со Марсеј. Марсеј не победил на „Жерлан“ уште од 2007 година. Веруваме дека традицијата ќе продолжи и дека Лион ќе победи, а гостите во друга прилика ќе бараат излез од кризата.
Предлог тип: 1 (1.72)
3010 Лацио – Интер (15.00 часот)
Интер во првите две кола во Серија А даде дури девет гола, а Лацио во претходното коло беше поразен од Аталанта со 1-4, па тука за очекување е да има голови. Римјаните имаат многу повредени играчи, плус Муриќи е во карантин, и тука е шансата за гостите. Традицијата на нивните пресметки во Рим најавува дека ќе има победник, 12 години не било нерешено кога овие два тима играле на „Олимпико“.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)
1350 Барселона – Севилја (21.00 часот)
Ова е прв сериозен тест за можностите на Барса предводена од Куман. На првите два меча каталонците делуваа моќно и сигурно, Ансу Фати е во голема форма, тука е и Меси, но Севилја е поцврста екипа од претходните ривали на Барселона, а и го има Ракитиќ кој ќе сака да им направи проблем на довчерашните другари со кои делеше соблекувална. Домашните имаат проблем со одбраната, Ленгле и Умтити не може да играат од разни причини. Традицијата најавува чист кец, Севилја во лигашки меч не победила на „Камп Ноу“ уште од 2002 година.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.18)
1010 Астон Вила – Ливерпул (20.15 часот)
Ливерпул нема да смета на Мане и Тијаго Алкантара, кои имаат коронавирус, но секако важи за фаворит. Ливерпул на последното гостување на „Вила парк“ во декември прими пет гола, но на тој меч во Лига купот играше со младинци. На премиерлигашкиот меч во Бирмингем во ноември, Ливерпул победи со 2-1, победничкиот гол беше на Мане во 94-та минута. Астон Вила добро ја почна сезонава, со две победи, уште нема примено гол, а Ливерпул даде 9 гола на три средби.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.70)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Манчестер јунајтед – Тотенхем 1 & 2-5 (2.75)
Баерн Минхен – Херта 1пдг & 4+ (2.25)
Јувентус – Наполи Т1 2+ & ГГ (2.75)