Мурињо на пазар кај „своите“, засилување за Рома ќе биде голманот на Црвените Ѓаволи?

Жозе Мурињо ќе прави сериозна реконструкција на Рома, чиј тренер ќе биде од идната сезона, а најавени се големи засилувања од калибарот на Белоти, Икарди, Ренато Санчес и за почеток и на голманската позиција, каде пик на Специјалниот е Давид Де Хеа.

Мурињо одлично ги познава квалитетите на шпанскиот чувар на мрежата, му беше тренер во Манчестер јунајтед и можно е Де Хеа да пристигне во Рим.

Се зависи од раководството на Црвени Ѓаволи, а Мурињо и Рома очекуваат да успеат да се „исценкаат“ за помала отштета, за да го ангажираат Де Хеа.

Вчера шпанскиот репрезентативец бранеше токму против Рома за Манчестер јунајтед во реванш мечот од Европа Лигата, па веднаш се појавија и шпекулации во италијанските медиуми дека постои голема шанса тој пак да допатува во Рим, овојпат на подолг рок, како голман на Римската Волчица.

Оле Гунар Солскјер планира да му даде поголема шанса на англискиот репрезентативец Дин Хендерсон, па шансите на Мурињо и на Рома да го ангажираат Де Хеа се реални.

 

 

- Оглас -

Најнови вести