Мурињо ќе победи за Манчестер јунајтед, Џенова и Пандев ќе се радуваат на триумф вреден опстанок

Тотенхем – Лестер (17 ч.)

Влогот е голем за двете екипи. Домаќините се мачат да стигнат до Лигата на Европа, додека Лестер мора да победува ако сака да го задржи местото кое води во ЛШ. Тотенхем предводен од Жозе Мурињо има двоен мотив за победа. Прво да го одведе Тотенхем на посакуваното шесто место, а потоа и да му помогне на неговиот некогашен клуб Манчестер јунајтед, кој чека кикс на Лестер.

Лондончани дома имаат само четири порази во 18 меча, додека Лестер на гости има по седум победи и порази. На шестте меѓусебни средби секогаш има победник (Тотенхем е со 4 победи, Лестер се радувал два пати), а просек на постигнати голови е преку 4,5 на меч.

Предлог тип: 1&3+ (3.90)

 

Џенова – Лече (19:30 ч.)

Ова може да биде најзначајниот меч на Џенова сезонава. Двата тима се плашат дека може да испаднат и да се приклучат на СПАЛ и Бреша, па победа им е прва опција. Џенова има бод повеќе од Лече кој е во зоната за испаѓање. Џенова дома има само шест победи и дури 10 порази, но фактот дека Лече победил само четири пати на туѓ терен, дава поголема шанса за домаќините.

Горан Пандев со девет гола е прв стрелец на Џенова сезонава и може да добие шанса да нападне од првата минута. Последните четири меча на овие два тима завршиле со 4+.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

Рома – Интер (21:45 ч.)

Рома спои три победи и веднаш расположението кај Римската волчица е на високо ниво. Интер уште има теоретски шанси да го стигне Јувентус на чело на табелата, но тешко дека може да брка победа на „Олимпико“.

Интер е најдобар тим на гости сезонава и има 11 победи, три реми и само два порази. Рома игра офанзивно па често дава, но и прима голови на свој терен. Интересна е традицијата која вели дека на последните четири меѓусебни дуели никогаш немало победник (0:0, 1:1, 2:2, 1:1). Ремито и сега е една од најдобрите опции.

Предлог тип: X (3.60)

 

Еспањол – Селта Виго (21 ч.)

Во последното коло ќе се реши дали Селта Виго или Леганес ќе се спаси. Еспањол е закован на дното и нема никаков мотив да игра. Тимот од Каталонија ги загуби сите осум последни меча.

Селта има 36 бодови, еден повеќе од Леганес кој е во зоната за испаѓање. Затоа тимот од Виго сам си решава околу судбината и треба да ги освои трите бода против Еспањол за да биде спасен. На пет од последните шест меѓусебни дуели немало победик, односно било нерешено.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

Севилја – Валенсија (21 ч.)

Многу веројатно е дека Валенсија во новатат сезона ќе остане без пласман во Европа. Лилјаците се во ситуација да бркаат победа на тешкото гостување кај Севилја, но и да чекаат резултати од други два меча. Севилја има сигурно место во ЛШ, па ова може да биде меч со повеќе голови.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести