Мурињо: Клубот кој има празна соба за трофеи, ме отпушти два дена пред финале

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, откри дека најсмешниот тим во кој работел во неговата кариера бил Тотенхем. Португалецот во април 2021 година доби отказ од Тотенхем бидејќи тимот во тоа време беше на седмото место на табелата.

За претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, тоа беше неуспех и отказот на Мурињо му го врачи само два дена пред финалето на Лига купот против Манчестер сити.

„Најсмешниот клуб во мојата кариера? Тоа е клубот кој има празна соба за трофеи и ме отпушти два дена пред финале. Тотенхем никогаш ништо не освоил. Пред 50 години можеби нешто освоил, но на тоа не се сеќавам. Ме избркаа два дена пред финалето. Сега сум во Рома. Тоа е поинаков клуб со поинакви амбиции. Уживам и ми се допаѓа тука“, изјави Мурињо.

Во финалето на Лига купот во 2021 година, Манчестер сити со 1:0 го совлада Тотенхем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести