Жозе Мурињо и Рома имаа уште еден блед настап, и тоа во четврт-финалето во Копа Италија против Интер, каде што загубија со 2:0.
Португалецот сосема оправдано бил бесен на фудбалерите по катастрофалната игра и им упатил остри зборови.
„Не знам зошто кога играте против Интер, вие се посе*увате во првите десет минути. Човек којшто нема мадиња, нема ни личност. Одете играјте во Серија Ц, каде што никогаш нема да најдете тимови со шампионски менталитет.
Стадионите им се мали и нема да имате притисок бидејќи вие сте мажи без мадиња, а тие се најлошите“, им кажал Португалецот во соблекувалната.