Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието во Турција, откако на прес-конференцијата на Фенербахче го коментираше мечот на нивниот најголем ривал за титулата, Галатасарај, кој на домашен терен го победи Гозтепе со 2-1. Според турските медиуми на овој натпревар сите спорни одлуки оделе во корист на Галатасарај, а така било и со одлуките кои ги носела ВАР собата.
„Единственото нешто што можам да го кажам е дека во 25-те години тренерска кариера вакво нешто немам видено. Ова го надминува здравиот разум. Вчера сите зборуваа исто – скандал, скандал, скандал … Научив нов збор. Велите скандал, но мислам дека на некој од вас ова му се допаѓа. Во оваа земја скандалите многу ги сакате. Тоа го сакаат дури и победниците, што е најлошо, да се победи на ваков начин е нешто најлошо. Што да кажа за играчите, во ситуација кога нешто е токсично? Чувствуваме, а мислам дека и противниците чувствуваат.“ – рече Мурињо.
Фенербахче после 17 првенствени кола има заостанување од осум бода позади лидерот, Галатасарај.