28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Мурињо: Многу си јак на радио, а кога ќе дојдеш тука, ќе се посе*еш кога ќе ме видиш (Видео)

Рома игра на гости кај Сампдорија во меч од 31. коло на Серија А, а во пресрет на мечот, тренерот на Римската волчица, Жозе Мурињо беше дел од прес конференција. Римската волчица се бори за излез во Европа, додека Сампдорија се бори за опстанок.

Мурињо на прес конференцијата имаше интересна конверзација со еден новинар кој му постави прашање. Се работи за радио новинар, кој во изминатиот период постојано го критикувал работењето на Мурињо и сега португалскиот стратег реши да му врати. Новинарот го постави прашањето, а Мурињо имаше подготвено одговор.

„Очекував многу поагресивно, понегативно и понасилно прашање, после тоа што се го слушнав на радио што го кажа. Многу си агресивен и насилен на радио, но кога ќе дојдеш тука, ќе се посе*еш кога ќе ме видиш“, рече Мурињо обраќајќи му се на новинарот.

- Оглас -

Најнови вести