2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Мурињо: „Мојата седа коса е само поради него и поради неговиот агент“

Жозе Мурињо нема проблем да одговори на кое било прашање, но тоа секогаш го прави во негов стил. Едно од прашањата кое го доби е за неговата седа коса, а одговорот беше искрен како и секогаш.

„Го тренирав Ласана Дијара во Реал Мадрид и во Челзи. Сета бела коса на мојата глава е само поради Ласана и поради неговиот агент. Ако одигра добри 90 минути, неговиот агент доаѓа следниот ден и бара нов договор и поголема плата. Ако е на клупа и не игра, неговиот агент доаѓа во понеделник наутро и бара состанок бидејќи Ласана сака да си оди“, вели Мурињо.

Ласана Дијара одигра 96 натпревари под водство на Жозе Мурињо во Челзи и во Реал Мадрид. Во својата кариера освои по еден трофеј од Премиер лигата и Ла Лигата, но и два од француската Лига 1, каде што и се пензионира во 2019 година како играч на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести