Мурињо може мирно да спие: Рома победи и обезбеди место во Лигата на Европа

Во последното коло од италијанската Серија , Рома убедливо со 3:0 победи на гостувањето кај Торино и со тоа Римската волчица си обезбеди место во Лигата на Европа за следната сезона. Рома има 63 бодови и никако не може да биде загрозена од Фиорентина која е на седмото место на табелата.

Тами Абрахам уште еднаш се покажа како многу важен играч во тимот на Рома и токму тој беше стрелец на двата гола во првото полувреме. Сите дилеми околу победникот беа решени кога во 78 минута Пелегрини од пенал погоди за 3:0 за гостите.

Дел од мечевите од последното коло се играат утре, а борбата за титулата ќе се решава в недела кога играат Милан и Интер.

- Оглас -

Најнови вести