Мурињо: Можеби станав здодевен, но јас ќе бидам како Хоџсон

Жозе Мурињо веќе две децении тактизира низ Европа, но Специјалниот не планира во скоро време да стави крај на тренерската кариера.

Предводникот на Тотенхем истакна дека сака да биде во фудбалот и во 70-тите години од својот живот, следејќи го примерот на неговиот постар колега Рој Хоџсон (најстар менаџер во ПЛ со 73 години), со кого денес ќе се сретне во мечот меѓу Кристал палас и Тотенхем од 12-тото коло во Премиер лигата.

„Да бидам тренер на 70 и нешто години, како Хоџсон? Па, зошто да не? Мој драг пријател пред неколку дена на 74 години доби тренерска работа во Првата португалска лига (Жесуалдо Фереира во Боависта) кој уште со страст ја работи оваа работа. Можеби ви станав здодевен бидејќи веќе 20 години работам како тренер, почнувајќи од првата работа во Бенфика, но реалноста е дека на 57 години јас сум млад тренер“, посочи Мурињо.

Дуелот Кристал палас – Тотенхем е закажан во терминот 15:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести