Мурињо му одговори на Пеп: „Ова не е чесно, јас сакам само правда“

Се чини дека нема крај на јавната конверзација на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо која започна по поразот на Манчестер сити од Ливерпул. Последниот коментар на Каталонецот беше дека Мурињо само сака неговиот клуб да испадне од Премиер лигата, па и Португалецот не остана должен и следуваше нов одговор.

„Не е вистина дека сакам Сити да испадне. Вистината е дека сакам правда. Малите клубови ги казнуваат поради кршењето на финансискиот ферплеј, дури и кога ќе го прекршат ограничувањето за пет или десет евра. И јас страдав поради тоа во Рома. Мислам дека ова не е чесно. Се сакаме, тој го знае тоа. Зборовите се едно, чувствата се друго. Сè што сакам е правда, но немаме никакви лоши чувства еден кон друг“, рече Мурињо.

Во моментов во тек е судењето на Манчестер сити за кршење на финансискиот ферплеј и малверзации дури по 115 основи.

- Оглас -

Најнови вести