Мурињо му се јавил на Кристијано и му предложил да му се придружи во Рома!

Откако дознал дека заминувањето на Кристијано Роналдо од Јувентус е можно, Жозе Мурињо не губел време, и му се јавил на сонародникот за да му предложи да дојде кај него во Рома. Главниот адут на Мурињо е што ако остане во Италија, Роналдо ќе плаќа помал данок отколку во Франција, Англија, Шпанија или друга земја.

Договорот на Кристијано со Јуве истекува следното лето, но капитенот на португалската репрезентација би можел да си замине уште ова лето, а и новиот тренер Масимилијано Алегри, нема да му прави проблеми на КР7 ако сака да ја смени клупската средина.

Сепак, и да реши да си оди од Старата дама, Роналдо тешко дека ќе се одлучи за трансфер во клуб кој не е учесник во Лигата на шампионите, и клуб кој финансиски тешко ќе ги исполни големите барања на суперѕвездата.

- Оглас -

Најнови вести