Жозе Мурињо сака да биде тренер на Наполи и сам му се понудил на неаполскиот клуб, а неофицијално, има позитивни сигнали и од другата страна, конкретно од претседателот Аурелио Де Лаурентис.
Агентот Жорже Мендеш разговарал со Де Лаурентис, а главен проблем во првичните контакти била високата плата која ја барал Португалецот.
Има шпекулации дека Мурињо се согласил да го преземе саудиски Ал Шабаб, но загреан е за останување во Италија. На клупата на Наполи е Валтер Мацари, но неговиот договор е до крајот на сезоната, па клубот летово ќе треба да си најде нов шеф на стручниот штаб и Мурињо ја гледа шансата.