Португалскиот тренер Жозе Мурињо од следната сезона ќе има нов клуб откако турските медиуми објавија дека тој е пред потпис со гигантот од Истанбул, Фенербахче. Информацијата со медиумите ја споделил Азиз Јилдирим, еден од кандидатите за претседател на Фенербахче, кој најавил дека токму Мурињо ќе биде нов тренер ако тој победи на клупските избори за претседател.
Според неговата изјава, тој два часа разговарал со Мурињо и вели дека работата е завршена и се чека само негова победа, а Португалецот веќе ги контактирал Един Џеко и Фред и се распрашувал за состојбата во клубот.
Жозе Мурињо четирипати беше прогласуван за најдобар тренер во светот, освои два трофеи од Лигата на шампионите и уште 26 други клупски трофеи, а во својата кариера беше тренер на Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома.