Мурињо: На полувреме им реков на играчите дека се срамам од нив!

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, бил многу незадоволен од изданието на неговиот тим во првото полувреме на гостувањето кај Јувентус, а задоволен е што реагирале во вториот дел.

„На полувреме, на играчите им реков дека се срамам од нив. Имавме среќа што не губевме со поголема разлика. Оние 0-1 на пауза беа фантастичен резултат според тоа како игравме. Не направивме ништо, се потпиравме само на среќата. Не беше проблемот во тактиката, туку во пристапот и односот. Не смееме да играме така. Во вториот дел бевме друг тим“ – изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести