И странците кои доаѓаат во Турција се однесуваат непријателски кон спортските ривали, па така и не треба многу да чуди што фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди, испрати провокација до тренерот на ривалот Фенербахче, Жозе Мурињо, а сега следуваше и одговор од Португалецот.
Сè почна со една објава на Мурињо на која играч на Галата игра со рака, но судиите не покажаа пенал. Мурињо постојано изјавува дека Галатасарај е фаворизиран од судиите и Федерацијата.
Аргентинецот Икарди не можеше веќе да го трпи ова, и на Инстаграм објави монтирана фотографија на која наместо „Специјалниот“, на корицата на книгата стои „Плачкото“.
Се разбира дека Жозе не остана должен и без одговор.
„Икарди е goat и одбивам да коментирам изјави на goat, тој е преголем“, рече Мурињо во својата игра на зборови.
Во англискиот јазик, кратенката GOAT се користи за најдобар на сите времиња. Но, зборот „goat“ значи јарец, животно кое има рогови. Асоцијацијата на Мурињо е јасна, сакаше да му порача на Икарди дека има рогови (сленг за изневеруван маж), а тие рогови му би има набиено бившата жена Ванда.