25.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Мурињо на сред прес-конференција го вознемири машина за перење алишта! (Видео)

Кога е Жозе Мурињо во прашање, секогаш постојат разни анегдоти, но тоа што денеска му се случи на португалскиот стратег, е навистина уникатно. Додека беше на прес-конференција онлајн преку апликацијата „Зум“, одговарајќи на прашања пред дербито со Ливерпул, Мурињо во еден момент остана збунет.

Додека новинарката се обидуваше да постави прашање, непријатен звук во заднина направи целиот разговор да биде нејасен. Мурињо збунет праша: „Каква врева е тоа?“. Новинарката ладноквно му одговори: „Тоа е звукот од мојата машина за перење“.

Збунетиот Мурињо немаше што друго да направи освен да се насмее, иако беше збунет од одговорот кој го доби.

 

- Оглас -

Најнови вести