Мурињо најави дека Тотенхем денеска оди на победа

Тотенхем во првиот ден од 2020 година тргна со пораз и тоа на гости кај Саутемптон со 1:0. Сепак, по само 25 дена од тој неуспех, тимот на Жозе Мурињо повторно се враќа на стадионот „Сент Мери“, во меч од ФА Купот. Португалскиот стратег знае дека повторно го очекува тежок предизвик, но нема да го потцени фактот дека се работи за Куп средба, а не за првенствен меч.

„Уште е рано да мислиме за освојување на турнирот. Во моментов има 32 екипи, а нашата цел е да влеземе меѓу најдобрите 16. Саутемптон е силен тим, а противникот ќе биде и посвеж бидејќи последниот меч го одиграа 24 часа пред нас. Не смееме да се предадеме, треба да ја контролираме играта. Се надевам дека ќе ја покажеме желбата за игра како на дуелот против Норвич и да победиме“, рече Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести