Мурињо: Најубаво искуство? Па, Реал Мадрид се разбира

Жозе Мурињо иако од декември минатата година е без ангажман по отказот во Манчестер јунајтед, и натаму е интересен за медиумите и често знае да одговори на прашањата за кои сите се интересираат. Португалскиот стратег во својата 19-годишна тренерска кариера освои бројни титули, почнувајќи од Порто, па во Челзи и Интер, а им донесе европски пехар и на Црвените ѓаволи.

Сепак, Мурињо тврди дека најдобро искуство имал во периодот кога го предводеше Реал Мадрид. На кормилото на Кралевите се задржа три години, од 2010 до 2013 година, каде што ја освои шампионската титула во сезоната 2011/12, како и еден шпански куп и Суперкуп.

„Реал Мадрид ми беше најубаво искуство како тренер. Таму научив многу работи, се развив како стратег. Деновите минати во Мадрид ми се најдраги, од прв до последен ден беше фантастично. Тоа што клубот го бараше од мене како тренер е во мојата природа. Јасно беше зошто ме ангажираа, да ставиме крај на доминацијата на Барселона“, истакна Мурињо.

Португалецот оствари 125 победи во вкупно 175 меча, а до титулата во 2012 година неговиот тим стигна со рекорден број освоени бодови (100), како и рекорден број постигнати погодоци во една сезона, 121.

- Оглас -

Најнови вести