Мурињо направи избор на најдобар во историјата: не е ни Меси, ни Кристијано, ни Пеле, ни Марадона!

Тренерот на Рома, и еден од најпопуларните фудбалски стручњаци на светот, Жозе Мурињо, не мисли дека најдобар фудбалер во историјата е неговиот сонародник Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси, а не се ни Пеле или Марадона.

За Мурињо, најдобар е Бразилецот Роналдо Назарио, со кој Специјалниот имаше чест да работи во 1996/97, кога беше помошник тренер во Барселона. Во таа сезона, Роналдо во шпанската лига на 37 меча даде 34 гола.

„Најдобар е Роналдо Феноменот. Кристијано Роналдо и Лео Меси имаат многу подолги кариери и на врвот се во последните 15 години, но ако говориме за чист талент и умешност, никој не може да го надмине Роналдо Назарио“ – изјави Мурињо, кој и порано го има кажувано истото, и останува на ставот.

После Мундијалот во Катар, многумина го величат Меси, после смртта на Кралот на фудбалот Пеле, велат дека тој е најдобар на сите времиња, но Мурињо не мисли така.

„Кога Роналдо беше во Барселона, веднаш проценив дека тој е најдобриот што некогаш сум го видел. Повредите му ја уништија кариерата, која можеше да му биде доста повпечатлива, но талентот кој го видов кај тоа 19-годишно момче додека беше во Барса, беше неверојатен“ – додава Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести