-2.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Мурињо направил хотелска сметка од 750.000 евра, во Истанбул се чудат кој ќе плати?

Жозе Мурињо доби отказ од Фенербахче и тренерската кариера ја продолжи во Бенфика, екипата која ги елиминира Турците од Лигата на шампионите. Фудбалската јавност беше бесна од ваквиот трансфер, а Португалецот за отказот си наплати и 15 милиони евра.

Специјалниот во Истанбул беше сместен во луксузен апартман во хотелот „Четири сезони“ (Four seasons), а сега пристигнала и фактурата за неговиот престој. На хотелот му се должи 747.000 евра, па медиумите во Турција сега се прашуваат кој ќе ја плати сметката, Мурињо или Фенербахче?

Португалецот во хотелот престојувал 15 месеци, па очекувањата се дека ваквото сместување било договорено со клубот, па сега Фенербахче ќе треба да ја плати и оваа сметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести