Мурињо наскоро ќе има нов ангажман, се сели на југоистокот од Европа?!

Португалескиот тренер Жозе Мурињо по отказот во екипата на Рома е без ангажман, иако беше во комбинација за клупата на неколку екипи, пред сè, на Баерн Минхен и Челзи. Сепак, ништо од посакуваниот ангажман во топ-5 лигите, па турските медиуми денес најавуваат дека Специјалниот ќе биде нов тренер на гигантот од Истанбул, Фенербахче.

Турските медиуми одат дотаму што тврдат дека сите детали се договорени, а Мурињо до раководството на клубот веќе доставил и список на желби за нови засилувања, но имињата на фудбалерите не се објавени.

Последниот ангажман на Жозе Мурињо беше во екипата на Рома, каде што се задржа речиси три години, а најголемиот успех го направи со освојувањето на Конференциската лига во 2022 година, додека минатата сезона загуби во финалето на Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести