Мурињо: Навистина верувам дека сме подобри од Ренџерс

Tренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, изјави дека неговиот тим е подобар од Ренџерс пред реваншот на „Ајброкс“ во осминафиналето на Лигата на Европа. Турскиот тим треба да надомести негатива од 1-3 од првиот натпревар во Истанбул, кој ја прекина нивната серија од 18 натпревари без пораз.

Мурињо призна дека Фенербахче заслужено загубил, но верува дека неговиот тим има шанси за пласман понатаму.

„Мислам дека Ренџерс не е подобар тим од нас и верувам дека имаме шанса за пласман. Не е затоа што ме боли или имам желба за реванш, туку навистина верувам дека сме подобри. Но, како што реков и по првиот натпревар, заслуживме да загубиме. Не барам оправдувања, направивме грешки, а тие ги искористија. Тие беа мотивирани, се бореа заедно и заслужено нѐ победија. Немам лоши чувства. Имаме толку важен натпревар во недела, што ако чувствував дека немаме шанса, ќе се подготвувавме директно за викендот. Но, јас не се подготвувам за недела затоа што искрено верувам дека имаме шанса“, изјави Мурињо.

Натпреварот на „Ајброкс“ се игра од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести