Мурињо: Не ги идолизирајте фудбалерите, некои од нив се големи ѓубриња

Случувањата со Мејсон Гринвуд, односно силувањето и тепањето на својата девојка го изненадија целиот фудбалски свет.

Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед имаше голема фудбалска кариера пред себе, но таа успеа да ја уништи во 21-вата година.

Како и секогаш, најоригинален и најискрен одговор даде Жозе Мурињо, којшто му даде шанса уште додека беше тренер на Манчестер јунајтед.

„Учете напорно, станете доктор, инжинер, научник или наставник. Можеби нема да заработувате како фудбалерите, ама ќе направите голем придонес за ова општество.

Не ги идолизирајте фудбалерите бидејќи некои од нив се големи ѓубриња и не го заслужуваат тоа што го имаат“, изјави Мурињо.

Гринвуд во моментов е во својот дом, откако утринава беше ослободен од притвор со плаќање на кауција.

- Оглас -

Најнови вести