Мурињо не мирува ни на 60-тиот роденден: Каков говор, ајде на работа, во недела имаме меч! (Видео)

Жозе Мурињо денеска наполни 60 години и во соблекувалната на Рома имаше мала церемонија по тој повод.

Специјалниот доби песна и аплаузи од своите фудбалери и соработници од стручниот штаб, а потоа пред лицето на Николо Ѕаниоло, кој веројатно ќе ја напушти Рома, му даде парче торта на капитенот Лоренцо Пелегрини.

На крајот, сите скандираа „Говор, говор“, а Мурињо им се обрати во негов стил: „Каков говор, ајде да тренираме, во недела имаме натпревар!“

https://twitter.com/i/status/1618617133314838528

- Оглас -

Најнови вести