Бенфика остана еден од ретките клубови во цела Европа што нема ниту еден пораз сезонава откако синоќа одигра 2:2 на свој терен во големото дерби против Порто. Гостите од Порто водеа со 2:0, но домаќинот не дозволи противникот победнички да си замине од Лисабон и израмни на 2:2.
Во финишот на мечот, тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, доби црвен картон и повторно е во фокусот на вниманието. Мурињо беше незадоволен, но разочаран од тоа како се однесувале дел од службените лица на Порто, но и навивачите на овој тим.
„Член на тренерскиот штаб на Порто, кој исто така беше исклучен и кој ме нарече предавник 50 пати во тунелот, би сакал да ми објасни – предавник на што? Предавник на што? Бев во Порто. Ја дадов душата на Порто. Отидов во Челзи и ја дадов душата на Челзи. Отидов во Интер, во Реал Мадрид, во Фенербахче. Патував низ светот и ја дадов душата насекаде. Го дадов животот. Давав 24 часа од мојот живот секој ден. Мислам дека тоа се нарекува професионализам“, рече Мурињо и продолжи:
„Едно е навреди од навивачите, навреди од фудбалските фанови. Ова се истите навивачи кои пред неколку години не можеа да ме пуштат да поминам низ градот без да ми се поклонат. Сега ме навредуваат. Немам апсолутно никаков проблем со тоа. Но, професионален колега да ме нарече предавник – зошто? Предавник за што? Затоа што дадов сè за Бенфика?“

