Мурињо не можеше а да не го пофали Кјелини за „патосирањето“ на Англичанецот

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, треба да биде во центарот на вниманието во новата сезона, а секоја негова изјава е посебно интересна. Мурињо, кој со години работеше во Англија, вели дека бил восхитен од потегот што го направи италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини, кога буквално го „тресна од земја“ англискиот репрезентативец Сака.

Според Мурињо, Кјелини покажал дека е вистински капитен на Италија и точно знаел како да постапи во моментот кога ја направил единствената грешка во финалето на ЕП 2020.

„Тоа што Кјелини му го направи на Сака, покажа сè. Имаше само една грешка во финалето, ја изгуби топката и Сака имаше отворен пат кон голот. Кјелини веднаш знаеше дека не смее да дозволи противникот да тргне во напад и направи потег кој само го покажува неговото искуство. Некои играчи би избегнале од тоа да прават фаул, но Кјелини е стар лисец“, вели Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести