„Специјалниот“ португалски тренер, Жозе Мурињо, ги одби сите понуди кои ги доби летово, затоа што чека да види што ќе се случува во Реал Мадрид и дали Зинедин Зидан е сигурен на клупата. Оваа шпекулација се појави откако Реал вчера киксираше дома против Валјадолид.
По камбекот на Зидан на клупата, Реал има само 6 победи на 16 меча, 13 пати примаше гол, а и трансфер пазарот се покажа како многу неуспешен. Реал даде 300 милиони за играчи кои се резерви (освен Азар, но и тој не игра поради повреда), и не успеа да го ангажира Пол Погба, што беше единствената желба на Зидан.
Реал не купува нови играчи, туку ги „рециклира“ старите, коментираат шпанските медиуми, кои објавија фотографија од 2014 година на која тимот го има речиси истиот состав како вчерашниот што почна против Валјадолид. Тогаш играче Касилјас и Илјараменди, а вчера беа Куртоа и Касемиро. Другите деветмина се истите од вчера.

Ако Реал не се засили до крајот на преодниот рок и продолжи со распродажба на бодови како вчера, на Зидан не му се пишува добро, а Мурињо го чека токму тоа, Зизу да биде сменет, и да добие втор мандат.