Мурињо: Не сум заинтересиран за ниеден играч на Рома

Жозе Мурињо на претставувањето како тренер на турскиот гигант Фенербахче ги негираше гласините дека сака да донесе неколку играчи на Рома.

Португалскиот стручњак во јануари доби отказ од Рома и се ширеа шпекулации дека во Фенербахче би дошле ѕвезди како Пауло Дибала и Ромелу Лукаку, кои Мурињо ги тренираше во Волчицата.

„Сакав да видам проект и стабилност. Не зборувавме за конкретни имиња туку за профили на играчи. Да бидам попрецизен, не носам играчи од клубовите во кои сум работел во минатото. Нема да донесам ниту еден играч од Рома. Она што треба да го направиме сега е мирно да си ја вршиме работата“, рече Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести