Мурињо нема дилеми: Ливерпул веќе е нов шампион на Англија

Жозе Мурињо нема дилеми и вели дека трката за шампионската круна во Премиер лигата е завршена по победата на Ливерпул против Манчестер сити во големото англиско дерби, што заврши со победа на домаќините од 3:1.

„Манчестер сити нема да се откаже, тоа е и спортски, но според мене, трката е завршена и Ливерпул ќе биде новиот шампион на Англија. Начинот на којшто играат не остава простор за пресврт. Секако, услов е да нема драматични повреди кај лидерот на табелата. Имаат фантастичен фудбалски мозаик, со многу квалитетни играчи и нема да ја прокоцкаат предноста од 9 бода“, изјави Мурињо за „Скај спортс“.

Само по 12 кола, Ливерпул има огромна предност од 9 бода пред актуелниот шампион Манчестер сити, кој сега е на четвртото место. Пред него е тандемот Лестер-Челзи со 8 бодови заостанување зад Ливерпул, а потоа следуваат Шефилд јунајтед и Арсенал со по 17 бодови, или двојно помалку од лидерот.

До крајот на првенството има уште 26 кола.

- Оглас -

Најнови вести