21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Мурињо нема намера да се сели во Саудиска Арабија

Жозе Мурињо ја одбил понудата на саудискиот Ал-Шабаб, објави новинарот на Скај Италија, Анџело Манџианте.

Откако пред неколку дена доби отказ од Рома, медиумите шпекулираа дека следна дестинација на Мурињо ќе биде Саудиска Арабија, но тој ја одбил понудата бидејќи сака да остане во Европа.

Според италијанските медиуми, повеќе европски екипи се интересираат за Специјалниот, а највеќе Њукасл и Наполи на кого самиот Мурињо му се понудил.

Ѕвездата на Мурињо полека почнува да бледнее бидејќи во последните пет клуба во кои работеше, добиваше отказ.

- Оглас -

Најнови вести