2.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Мурињо никогаш вака не збеснал: Тој играч мора да си оди од клубот!

Рома вчера ремизира 1:1 на гости кај Сасуоло, а тренерот на Римската волчица, Жозе Мурињо, вината за тоа што неговиот тим не се радувал на трите бода ја впери само кон еден играч. Португалскиот стратег не сакаше да го именува играчот, но потенцираше дека тој го изневерил целиот тим и дека поради неговото неангажирање, во вода паднал трудот на целата екипа против Сасуоло.

„Жал ми е што целиот труд што го вложи целата екипа падна во вода поради непрофесионалниот однос на еден играч, кој нѐ издаде. Не ме видовте вака да зборувам за Ибањез по дуелот со Лацио затоа што грешките се соствен дел од играта и неговиот став никогаш не бил проблем. Но, ваков непрофесионален однос, кој не е фер кон соиграчите, ме разочара. Освоен бод на гости не е лош резултат и не сум толку разочаран од играта на екипата, но на дотичниот играч би му порачал во јануари да си бара нов клуб“, рече Мурињо.

Според италијанските медиуми, споменатиот фудбалер е холандскиот интернационалец Рик Карсдорп, кој беше виновен за израмнувачкиот гол на Сасуоло. Освен вината за примениот гол, Карсдорп имаше уште неколку големи грешки, поради кои Мурињо се налути.

Карсдорп во Рома дојде во 2017 година за 16 милиони евра од Феенорд, а има договор со тимот од „Олимпико“ до јуни 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести